Познатиот холивудски актер Robert Pattinson вели дека му е драго што има прилика да го покаже своето тело во филмовите кои ги снима.
На воодушевување на бројните обожавателки, Pattinson тоа и ќе ги направи во најновиот филм со наслов „Cosmopolis“. Во него, актерот ќе го видиме во еротска сцена со колешката Patricia McKenzie.
– Навистина немам проблем со снимање такви сцени или сo голотијата генерално. Мислам дека на актерките им е потешко. Многу од нив се плашат дека медиумите ќе ги искористат снимките на кои тие се голи и дека тие фотки постојано ќе се појавуваат на интернет кога некој ќе го напише нивното име, – изјавил актерот.
Тој додава и дека му било прилично тешко да ја сними сцената со Patricia, но дека режисерот David Cronenberg им ја олеснил ситуацијата со тоа што им дозволил да зборуваат за време на самата сцена.
