ШоуБиз

На Том Круз му преседна 50-от роденден

Се повеќе информации излегуваат во јавноста околу причините за развод на Том Круз и Кејти Холмс.

Освен Скиентологијата, која се смета за главна причина за разводот, во јавноста излезе информација која вели дека Том и Кејти имале жестока расправија околу неговиот роденден.

Том сакал својот 50-ти роденден да го прослави во Исланд, каде го снима својот најнов филм  “Oblivion”, па ја замолил Кејт да се качи во хеликоптер со својата ќерка и да заминат за Исланд но таа го одбила. Потоа следела жестока расправија по која Кејт одлучила дека е време да го напушти.

Тој морал да се врати во Беверли Хилс да плати 30 милиони долари за новата вила во Беверли Хилс, а Кејти веќе го напуштила заедничкиот дом и се преселила во нов стан за кој плаќа 12.000 долари месечна кирија.

Според пишувањето на странските медиуми, Том деновиве ќе треба да седне со своите адвокати и да ги разгледа документите за развод кои Кејт му ги испратила.

Кејт пак деновиве е постојано присутна по жолтата штампа, со фотографии на кои таа насмевката не ја симнува од лицето, а бурмата повеќе не е на нејзината рака.

Напиши коментар