Motherhood

На вашето семејство му треба милениче

Многу доктори и психолози препорачуваат да имате домашно милениче бидејќи тие имаат терапевтско дејство на организмот.

Оддамна е познато дека луѓето кои имаат домашно милениче се здрави и витални и дека почесто се смеат. Затоа и психолозите препорачуваат милениче во домот. Тие можат многу да ви помогнат при емотивната нестабилност.

Кучињата особено се препорачуваат да меланхоличните и осамени луѓе. Тие ќе ве натераат да бидете физички активни, ќе ви пружат внимание во секој момент, искрено ќе ве гледаат во очи додека ви е тешко, ќе ве ослободат од стрес…

Мачките пак го намалуваат крвниот притисок, при галењето на мачето ви се стабилизира пулсот, тие делуваат како седатив. Мачките ќе ви помогнат да заспиете поубаво, ја земаат негативната енергија од вас. Тие ги намалуваат и болките. Ако имате мачка во домот вие сте среќни и имате многу позитивна енергија.

Птиците иако се во кафез сепак имаат терапевтско дејство. Нивното весело црцорење и потскокнување позитивно влијае на расположението на сопственикот. Птиците ја стимулираат концентрацијата и не ослободуваат од негативните мисли.

Напиши коментар