Здраво тело

Набилдајте го мозокот !!!

Секое утро, само едно јајце на организмот му дава сила… Ова беше симпатична реклама…

За она пак, што му дава сила на мозокот, и секој ден нé прави попаметни, откриваат следниве истражувања:

1.Читајте помеѓу редови –Земете во рака некоја книга од Кафка или некоја збирка поезија, и ќе бидете попаметни. Бидејќи, ако читате нешто што од прва нема смисла или некое посебно значење, Вашиот мозок ќе „ смени “ во петта брзина за да пронајде некакво решение, а со тоа се зголемува Вашиот капацитет за учење нови нешта.

2.Кој е крадец/убиец/негативец?

Погледнете некоја епизода од „ Изгубените “ или CSI. Со тоа, собирате IQ поени. Сериите кои се базираат на испреплетени нешта, неколку главни ликови, морални дилеми и решавање на одредени замрсени случаи, го поттикнуваат мозокот на размислување, собирање  податоци, создавање хипотези…Што значи тоа??? Дека треба да развивате вештини на решавање проблеми. Со тоа ќе ја зголемите социјалната интелигенција.

3.Sweet dreams are made of this

Универзитетот во Мичиген спроведе истражување, кое отрки колку сонот е важен за  размислување и успешно извршување на секојдневните обврски.Учесниците во истражувањето биле замолени да запомнат листа на реченици, кои морале да ја повторат 12 часа подоцна. Оние испитаници кои добро се наспале имале одлични резултати и памтење за разлика од ненаспиените. Не само што не можеле да  ги повторат зборовите, туку и имале погрешна меморија за зборови кои никогаш не биле дел од ова истражување…

4.Излегувајте со пријателите

Не одете веднаш дома после работа, туку на некоја пијачка или дружење ( дури и кратко ) со пријателите. Истражувањата покажуваат дека социјалната интеракција помага на когнитивните функции.Луѓето кои поминуваат време во друштво и се опкружени со луѓе, полесно помнат информации, кои подоцна можат да ги употребат за планирање или поставување цели.

Напиши коментар