Носењето високи потпетици може да влијае на Вашата самодоверба и начинот на кој се чувствувате секси, моќни, а може да направи истото да се зголеми уште повеќе. Но, потпетиците можат да предизвикаат и болки и чувства како Вашите стапала да горат. Овие „ слатки болки “ ги трпиме со надеж дека ќе поминат, а сепак убавината ќе остане.
Високите потпетици можат да предизвикаат и многу проблеми. Стручњаците за стапала ( подиатристите ) кажуваат дека високите потпетици, тесните и шпиц чевли предизвикуваат враснати нокти. Овие видови чевли создаваат хроничен притисок врз повеќето прсти и го спречуваат правилниот раст на ноктите.
Доколку не сакате да се откажете од петиците, прочитајте ги следните совети со кои повторно ќе бидете секси, а притоа ќе кажете збогум на проблемите предизвикани од нив.
* Сечете картонски парчиња обликувани според Вашите стапала и пробајте да ги ставите во чевлите пред да ги купите. Ако не одговараат, чевлите се претесни за Вашите стапала, а со самото тоа и за прстите.
* Воздржете се од носење тесни чорапи кои ги стегаат прстите.
* Ограничете го времето кое го поминувате во потпетици.
* Носете високи потпетици во деновите во кои ќе стоите помалку.
* Сечете ги ноктите рамно на врвовите.
* Кратко натопете ги стапалата во млака сапуница или Епсом сол ( магнезиум – сулфат ).
* Темелно исушете ги стапалата и прстите со чист пешкир.
* Користете благ антисептички раствор за прстите.
… И одењето во Вашите омилени потпетици ќе стане ЗАДОВОЛСТВО !!!
