Мојата кујна

Нафора на мексикански начин

Сите го обожаваме на потпечено лепче со сирење, кај нас познат како нафора. Денес Ви нудиме еден поинаков начин на подготовка на нафората. Навистина прекрасен рецепт кој морате да го пробате, бидејќи овој рецепт е навистина неверојатно вкусен…

Спремни за јадење само по 30 минути!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тркалезна погача или леб

300 грама рендан кашкавал

4 млади кромитчиња или еден ситно сечкан помал струк праз

4 големи лажици путер

1 помала сува лута пиперки или 2 лажици лут буковец

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тркалезниот леб исечкајте го на коцки во големина на залак.

Бидете внимателни кога ќе го засекувате лебот, не засекувајте до крај, долниот дел нека остане компактен.

Во друг сад на страна измешајте ги состојките, ренданиот кашкавал, сечканите млади кромитчиња или струкот праз, пиперката или буковецот.

Со добиената смеса наполнете ги засечените места на лебот по целета површина.

Така подготвениот леб обвиткајте го со фолија за печење. Печете 25 минути на претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени.

 

По 15 минути извадете ја фолија и продолжете да печете уште 10 минути.

Совет:

Вие може да употребите и обична векна леб.

Неверојатен вкус кој со сигурност ќе ви биде Ваше омилено јадење во периодот кој претстои.

Уживајте!!!

Напиши коментар