Убавина

Нагласете го руменилото !!! Истакнете ја Вашата убавина…

Хит оваа Пролет е руменилото со боја на праска. Најубаво одговара со комбинација од нежни сенки и кармини…

Визажистите за оваа Пролет веќе ги најавија трендовите. И покрај различните стилови на шминкање, акцентот се става на природниот тен и нагласените јаболчници. Меѓутоа не претерувајте. Нанесете руменило умерено, во бојата која најмногу Ви прилега…

За да биде ефективно, треба да го ставите на добра подлога. Со оглед на тоа дека изгледот треба да биде што поприроден, течната пудра заменете ја со тонирачки крем. Врз пудрата, нанесете малку светкава пудра во прав.

Како се нанесува руменило ?

Треба да обрнете внимание на текстурата. На сувата и мешана кожа најмногу и одговараат кремасти руменила кои се нанесуваат со прсти, а преминот се постигнува со транспарентна пудра. Најлесно за нанесување е руменилото во прав или каменото руменило кое одговара на сите типови кожа. Поставете ја широко четката на јаболчниците и повлекувајте кон слепоочниците со рамни движења во еден правец.

Која боја Ви одговара ?

На дамите кои имаат бел тен и темна коса добро им прилегаат ладните розови тонови, додека на потемните тенови најмногу им одговараат руменила со нијанси на земја, бронза и корали.

Напиши коментар