Убавина

Најактуелниот маникир за 2012

Приридниот изглед ќе биде актуелен во 2012 година, но не само во однос на шминката и фризурите, туку и што се однесува на маникирот.

Судејќи по тенденциите покажани на модните ревии за пролетно-летните колекции, најпопуларна должина и форма на ноктите идната сезона ќе се кратки или со средна должина нокти, со овална или квадратна форма.  Во оваа модна низа влегуваат и класиките во жанрот – нијансите на црвено, бордо и вишна. Паралелно со нив се и екстравагантните бои како оранжево, медено жолто, розово, светлосино, корал, светло и темно сино, сиво и металик, окер и др.

Напиши коментар