Фановите на многу различни начини ја искажуваат својата љубов кон идолите, а не се ретки случаите кога одат под игла со цел да го украсат телото засекогаш со некој од ликовите на нивните омилени јунаци од филмовите и музичката индустрија.
Justin Bieber, Lady Gaga, Britney Spears, Drake, ликовите од „Самрак“ сагата се само некои од јавните личности кои ги инспирирале овие луѓе да се одлучат за овие, не така репрезентативни тетоважи. Освен музичари и ликови од различни филмови, на некои инспирација им биле и цртаните јунаци.
Погледнете ги овие, по малку бизарни тетоважи и оставаме на вас да одлучите која е најсимпатична, секако, ако воопшто ја има!










