Кети Ајрленд од девојка на насловна за „Sports Illustrated“ стана најбогатиот модел на светот. Во својата кариера, Ајрленд (48) била дури три пати на насловната на списанието „SI swim“ и сега, според Форбс, Кети поседува богатство вредно 350 милиони долари и со тоа ја заслужи титулата најбогат модел на светот.
За моменталната девојка која се најде на насловната на SI – Кејт Аптон, Ајрленд вели дека девојката е на добар пат бидејќи знае што сака и каде оди.
– Многу млади луѓе велат „Ќе видам што ќе се случи, оставам на времето да одлучи“. Но, реалноста не е таква. Многу е помоќно да имате план и вие да управувате со она што ви се случува во животот, – се зборовите на Ајрленд.