Здраво тело

Најчести причини зошто се дебелееме

Скоро секоја жена барем еднаш во животот се доведува до ситуација да држи диета. А ова се причините заради кои се дебелееме:

Неконтролирана исхрана

Во текот на денот јадеме по неколку нездрави намирници, а за тоа не сме ни свесни. Ако сакате да дознаете што се јадете, почнете да водите евиденција, ќе бидете изненадени.

Женската генетика

Истражувачите велат дека постои тесна врска помеѓу бременоста на вашата мајка и денешната ваша тежина. Ако вашата мајка многу се здебелила во текот на бременоста, додека ве носела вас, најверојатно понатаму во животот ќе имате проблеми со тежината.

Слаба физичка активност

Сите ние добро знаеме дека со физичката активност најлесно се слабее, но ете не го правиме тоа. Но, треба да имате во предвид дека тоа е најдобриот начин да го забрзате метаболизмот и да ги стопите маснотиите.

Прескокнување на појадокот

Метаболизмот функционира како автомобилот. Ако не ставите бензин, нема да може да се помрдне. Појадокот е мошне важен, без него го забавувате метаболизмот,а тоа не ви оди во прилог ако сакате да ослабете.

Алкохол

Многу жени додека се на диета забораваат дека и алкохолот е строго забранет. Алкохолните пијачки се богати со калории, па затоа да не се чудите ако сте на диета а не слабеете.

Премалку сон

Не доволен сон доведува до неправилна исхрана. Кога не спиеме доцна навечер имам потреба за уште еден оброк. Во доцните часови метаболизмот е успорен, храната побавно се вари, а освен тоа сигурно нема да вежбате пред да легнете па нема ни каде да го потрошите она што сте го внеле.

Стрес

Кога сте под стрес во телото се лачи зголемена количина на хормонот кортизол, кој ја зголемува потребата од храна. Кога сте под стрес јадете многу повеќе, а тоа доведува до зголемување на телесната тежина.

Премалку храна

Кога не му давате доволно храна на организмот тој започнува да чува резерви, го успорувате метаболизмот, па наместо помалку ќе добиете повеќе килограми.

Лекови

Некои лекови може да бидат причина за наталожување на килограмите. Затоа не се измачувајте залудно со диети , ако веќе примате терапија која го допринесува ова.

Напиши коментар