Прекрасна колекција елегантни и класични венчаници, со едноставен крој и максимално исчистен дизајн од непотребни украси и кич елементи што многу ни се допадна. Сигурно ќе се согласите со нас дека многу невкусно изгледа кога невестата ќе биде поукрасена од невестинската торта. Во колекцијата различни видови венчаници но без разлика кој стил го претставуваат сите тие се изработени со стил и префинет вкус.























