Убавина

Најдобриот пилинг за тело за оваа Пролет

Комбинацијата од мелено кафе и какао ќе ја освежи Вашата кожа и ќе ѝ даде нов сјај. Ви претставуваме неколку совети како да приготвите едноставен пилинг од состојки кои сигурно ги имате во својот дом. Добра работа е што истите можат да се прилагодат на секој вид кожа.

Овој едноставен пилинг од природни состојки, едноставно, ќе го обожавате. Додајте сок од лимон, ако имате масна кожа, а ако имате сува, додајте јогурт, додека за чувствителна кожа најмногу одговара мед.

За пилингот, е потребно следново: 4 лажички мелено кафе, 4 лажички какао, две лажички млеко / јогурт, 3 лажички мед / лимонов сок. Прво, помешајте ги кафето и какаото, а потоа додајте го млекото или јогуртот. Бидејќи смесата ќе биде прилично ретка, можете да додадете и изрендан морков или испасирана банана која ќе даде погуста текстура. На крај, додајте лимонов сок или мед, во зависност од типот на кожа. Нанесете го пилингот на делови од телото, по Ваша желба и оставете го да делува 20 минути.

Напиши коментар