← НАЗАД НА БОЗА

Најдобриот трик за самопотемнување на кожата!

Најдобриот трик за самопотемнување на кожата!
4190 Читања

Можеби ќе ви звучи чудно и неверојатно, но ова е начинот на кој многу светски познати модели ја потемнуваат кожата на лицето и телото. Она што е најважно кај овој начин на потемнување е тоа што не сте изложени на никакво зрачење, не користите никакви хемикалии.

За 30-40 минути вие ќе имате веќе потемна кожа. Се што ви е потребно е 4 кесички црн чај и две шолји вода.

Ставете ја водата да врие, кога ќе започне процесот ставете ги кесичките чај и оставете ги во врелата вода 10-15 минути. Кога чајот убаво ќе потемни отстранете ги кесичките и оставете нека се лади.

Во меѓувреме истуширајте се. Убаво избришете го телото. Кога ќе бидете сигурни дека е комплетно суво ставете го чајот во шишенце со распрскувач и испрскајте го телото. Само ова правете го на место каде нема да извалкате со чајот.

Испрскајте го телото секаде убаво. Потоа оставете нека се суши самото. Не допирајте се никако. И повторно кога ќе бидете сигурни дека кожата е комплетно сува тогаш облечете се. На овој начин ќе имате убав тен кој ќе ви трае и од 3 до 4 дена.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk