Омилениот дизајнер на ѕвездите Jimmy Choo чии чевли многу често ги среќаваме на црвениот тепих, создаде специјална колекција чевли наменета за божиќните и новогодишни празници.
Колекцијата содржи вкупно 10 модели и сите тие се со висок сјај, украсени со светки или украсни каменчиња.
Модните критичари едногласно се согласија дека ова се најдобрите чевли што можете да ги носите за празниците, бидејќи се во согласност со основните модни трендови.










