Убавина

Најдобрите предпразнични третмани за коса

Циметот го зајкнува коренот и спречува опаѓање на косата, маската од тиква го стимулира растот, оцетот ги чисти сите нечистотии и вишокот природни масла, а шампањот го враќа сјајот и волуменот.

Ако сакате да блеснете за време на празниците, нахранете ја косата со маски од сопствената работилница. Искористете намирници кои ги имате дома и постигнете одличен изглед.

Маска од тиква

Тиквата одлично ќе ја нахрани косата, бидејќи е богата со витамин А и калиум поради што предизвикува корисен ефект на скалпот и на раст на косата.

Во сад ставете две чаши пасирана сварена тиква, додадете лажичка кокосово масло, лажица мед и една лажица јогурт. Состојките помешајте ги и нанесете ги на влажна коса. Оставете маската да делува 15 минути и потоа исплакнете со шампон.

Оцетот го отстранува вишокот на маснотии

За да и дадете на косата повеќе живот, измијте ја со мешавина од една чаша јаболков оцет и чаша млака вода. Потоа измијте ја косата со шампон за да го отстраните непријатниот мирис . Оцетот ќе ја исчисти целата нечистотија  и вишокот на природни масла од скалпот, а ќе спречи сушење на косата.

Шампањот го враќа сјајот

Шампањот прави чуда за вашата коса, особено за русата затоа што создава златен сјај. Косата прво измијте ја со шампон, а потоа исплакнете со половина чаша млака вода и половина чаша шампањ. Немојте да плакнете, косата ќе биде сјајна и полна со волумен.

Циметот го зајакнува коренот на косата

Во сад ставете половина чаша топло маслиново масло и додадете лажичка цимет  и лажичка мед. Кога смесата ќе се олади, нанесете ја на косата и оставете да делува 15 минути. Потоа измијте ја со шампон и постапката повторете ја секоја недела за да го зајакнете коренот на косата. Маската од цимет спречува опаѓање на косата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напиши коментар