Bridal

Најдоброто од Tiffany

Не постои подобар избор, од вереничките прстени на моделите на Tiffany. Тие се безвременски, прекрасни, нешто што се одржува со генерации. Ако се решавате на венчавка ,  а не сте одбрале прстен, овде се 7 класични модели на прстени, кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Tifany legacy

цена: 14,900$

инспириран од  периодот  на  времето  на   Едвард, овој класичен прстен  симболизира  сјај  и  нежност… Комбиниран  со  фасетирани  дијаманти  кои  се  поставени  во  рамномерни  лежишта.  Централниот дијамант може да варира во големината,  од   0,3   до  2,5  карати.

 

Tiffany   novo

цена: 13,700$

ова  е  многу  постојан  класично-модерен  прстен.  Централниот камен е фасетиран и   има каратажа од  0,3  до 2,5.

Tiffany embrace

цена: 13,300 $

Прекрасно!  Овој   прстен  се  карактеризира   со  округло  брусен  фасетиран   дијамант.  Централниот  дијамант   може  да биде  помал  до  пола  карат, или  поголем   до 2,5  карати..

 

Tiffany Grace

цена: 10,900$

Не постои ништо по класично,  од  прстенот  на  фасетите на  овој  модел.

со   венец   од   округли   мали  фасетирани  кружни  дијаманти,  средишниот  фасетиран   дијамант   во   облик   на   коцка, дава   нота на перфекција и гламурозна едноставност.  Каратите  на  средишниот   прстен  варираат   од  0,25  до   2,5  карати.

 

Tiffany Etoile

овој   прстен   се   карактеризира   со   едноставност   и   уникатност. Во  округол  обрач  е  сместен  дијамант  од  0,25  до  1  карат.  Бројот на дијамантите вградени во прстенот  можат да  варираат   од  1  до  3.

 

Tiffany   Soleste

цена: 4,200$

многу   сјај    и    блескавост, со фасетиран , округло  брусен  кабошон,  дијамантот е опкружен со многу  мали  ситни  дијамантски   фасетирани   камења, сите се округло  брусени  и фасетирани.  Тоталната    каратажа   е   само  пола  карат,  но  сјајот  прави  да  изгледаат  многу   повеќе   карати.

 

Tiffany  Lucinda

цена: 12, 900 $

со  каратажа  од  0,3  до  2,5  карати,  овој  централен   камен  е   ексклузивен  примерок   со   карактеристики   на    брилијантност   и   беспрекорен   стил,   уникатност  и  елеганција.

 

Write A Comment