Motherhood

Најдосетливиот тато на светот!!!

Децата растат со „лагите“, сите сме растеле така, од постоењето на Дедо Мраз до „ако не ја изедеш супата ќе дојде Баба Рога„….

Antoni Herera, графички дизајнер од Калифорнија, отишол чекор напред. Неговата ќерка постојано била пред компјутер и телевизор, а шетањата и активностите и биле „хорор“ ситуација. Знаејќи дека тоа е штетно по нејзиното здравје, дошол до интересна идеја. Имено, тој на својата ќерка која е голем фан на „Војна на ѕвездите“ и кажал дека Евоксите живеат во Националниот парк Секвоја. Девојчето веднаш прифатило 7 дневна прошетка низ паркот со цел да ги најдат Евоксите. По седум дена шетање „потрагата“ завршила неуспешно. Малата Кејт била разочарана.

Но досетливиот тато послужувајќи се со мала лага дека малите човечиња се кријат многу добро и дека се многу срамежливи, употребувајќи ги фотографиите и Photoshop ( програма за едитирање фотографии) успеал да ја изненади својата ќерка.

Пресреќната Кејт посакала повторно да шета…

Како го постигнал тоа погледнете низ фотографиите.

Браво за досетливиот тато!!!

Вие сте на ред…

Напиши коментар