GI диета или гликемиски индекс е еден од најлесните режими за исхрана, со кој брзо се симнуваат вишокот на килограми. Гликемискиот индекс е мерка која ја означува брзината и интензитетот на раст на нивото гликоза во крвта по консумирање на некоја храна.
Еве неколку совети за побрзо и полесно да се снајдете со оваа диета:
– за појадок одберете овес, јачмен или било какви житарици со јогурт
– намалете ја количината на компир и грицките кои се на база на компир
– јадете интегрален леб со цело зрно
– во исхраната вклучете повеќе свежо овошје и зеленчук
– секој ден задолжително јадете свежа салата
Прв ден
Појадок: палента и јогурт
Ручек: пржен зеленчук, кафен ориз и тофу сирење
Ужина: две бисквити
Вечера: кајгана со прокењ и свежа салата
Втор ден:
Појадок: житарици со млеко
Ручек: пилешко и свежа салата
Ужина: јаболка
Вечера: пржена риба и супа од зеленчук
Трет ден:
Појадок: јогурт и свежо овошје
Ручек: зеленчук зготвен на пареа
Ужина: печена јаболка со цимет
Вечера: парче печена тиква
Четврти ден:
Појадок: овесна каша со јаболки, цимет, ореви и соино млеко
Ручек: печено пилешко и спанаќ со печурки
Ужина: јогурт и овошје
Вечера: риба и тофу сирење или пилешко и тофу сирење
Петти ден:
Појадок: палента
Ручек: тестенини со туна, брокула и морков
Ужина: една рака сужено овошје и свежо овошје
Вечера: зелена салата
