Убавина

Наједноставен план за исхрана

GI диета или гликемиски индекс е еден од најлесните режими за исхрана, со кој брзо се симнуваат вишокот на килограми. Гликемискиот индекс е мерка која ја означува брзината и интензитетот на раст на нивото гликоза во крвта по консумирање на некоја храна.

Еве неколку совети за побрзо и полесно да се снајдете со оваа диета:

–      за појадок одберете овес, јачмен или било какви житарици со јогурт

–      намалете ја количината на компир и грицките кои се на база на компир

–      јадете интегрален леб со цело зрно

–      во исхраната вклучете повеќе свежо овошје и зеленчук

–      секој ден задолжително јадете свежа салата

Прв ден

Појадок: палента и јогурт

Ручек: пржен зеленчук, кафен ориз и тофу сирење

Ужина: две бисквити

Вечера: кајгана со прокењ и свежа салата

 

Втор ден:

Појадок: житарици со млеко

Ручек: пилешко и свежа салата

Ужина: јаболка

Вечера: пржена риба и супа од зеленчук

 

Трет ден:

Појадок: јогурт и свежо овошје

Ручек: зеленчук зготвен на пареа

Ужина: печена јаболка со цимет

Вечера: парче печена тиква

 

Четврти ден:

Појадок: овесна каша со јаболки, цимет, ореви и соино млеко

Ручек: печено пилешко и спанаќ со печурки

Ужина: јогурт и овошје

Вечера: риба и тофу сирење или пилешко и тофу сирење

 

Петти ден:

Појадок: палента

Ручек: тестенини со туна, брокула и морков

Ужина: една рака сужено овошје и свежо овошје

Вечера: зелена салата

Напиши коментар