Motherhood

Најголемата жртва на разводот е детето!!!

Разводот е тешка фаза во животот не само на возрасните, но и на децата. Нема дете што сака неговите родители да се разделат, зошто заедницата на семејството му дава сигурност, заштита и надеж. Од друга страна за децата е многу подобро да не ги гледаат родителите несреќни, во лош брак. Како и да е, ова е огромна траума за детето, за неговото психичко здравје, за личноста и моралните вредности што ќе ги претставува во иднина. Лошо емотивно наследство, што ќе го прати цел живот. Траума што ќе остави темна флека во детската чувствителна психа.

Што е важно да знаат родителите:

Детето мора да има лесен достап до другиот родител со кого не живее постојано – да може да разговараат и да се се гледаат кога ќе посака.

Да не зборуваат против другиот родител.

Да не ги користат децата како посредници во комуникацијата и да не ги тераат да завземат страна.

Да не се делат децата, да ги остават да живеат заедно со еден од родителите.

Да ги информираат децата за разводот. Да им дадат соодветно објаснување за нивната возраст, за да не се чувствуваат виновни или причина за разводот.

Добро е да не се брза со воведувањето на нов партнер во животот на децата пред тие да ја надминале разделбата на родителите и пред родителот да биде сигурен во квалитетот и перспективата на новата врска. Децата страдаат при секоја разделба на родителите со нивните партнери и ги исполнува страв, дека самите тие не се способни да создадат траен однос со спротивниот пол.

Верата дека со разводот ќе се стави крај на страдањето и проблемите, носи разочарување кај повеќето. Очекувајќи нов подобар живот, често страдањето се зголемува зошто нерешените проблеми остануваат, а кон нив се додаваат и нови.

Добро размислете дали разводот е најдоброто решение. Веќе не сте сами, децата не заслужуваат да страдаат поради вашите грешки, вашиот лош избор на партнер.

Анкетите покажуваат дека луѓето најчесто после развод веруваат дека ќе го сретнат вистинскиот човек, но најчесто повеќето од нив остануваат сами, без вистинските вредности и најчесто се се сведува на краткотрајни авантури, што е тотална катастрофа за детето.

Големи се шансите децата на разведени родители да го доживеат истото кога ќе пораснат. Тие немаат нормална претстава за семејство. Ги немаат вистинските семејни вредности.

1 Коментар

  1. Možda se ne bi javila za komentar da nisam provela radni vek sa roditeljima i porodicama koji su prolazili kroz pakao u toku razvoda i najviše je bilo problema postrazvoda,upravo zbog postupka roditelje koji su dobili starateljstvo nad detetom,decom da nastave da se brinu o interesima svoje dece,podizanje,vaspitanja iobrazovanja,radili su u većini slučajeva kontra od onoga što su obećavali dok su bili u brakorazvodnoj parnici,najlošije iskustvo sam ponela sa roditeljima koji su bili obrazovaniji i sa visokim položajima u društvu,radili su sve samo ne u interesu svoje dece,a ja i dalje tvrdim da ako roditelji ne prihvate istinu da je njihov zajednički život prestao još onda kada su odlučili da ne budu zajedno,da nema ljubavi među njima,al,su njihove suete i EGO ostali na nivou povređenosti ,da će i dalje raditi protiv interese svoje dece a to nije dobro za samu decu,jer dete nije …Jabuka… PA DA SE PODELI NA DVA DELA,UVEK DECA VOLE I OBOŽAVAJU SVOJE RODITELJE,zato treba sa decom postupati veoma oprezno,da deca ne osete razdvojenost od roditelje,nebitno na kojoj daljini žive i dali imaju druge partnere,bitno je da svoju decu vole i dalje istom jačinom dok su bili zajedno,jedino samo ljubav može da pobedi svaku suetu,u suprotno imaće teže posledice po deci i njihovo odrastanje,od dobra deca mogu se preobraziti u frustrirani ljudi punih mržnje i kad tad osvetiće im se .Moja poruka roditeljima koji su razvedeni i imaju decu je da ostanu prijatelji iako se ne podnose kao bivši partneri,da u svoju decu podjednako vide kao njihovu budućnost,jer jedino tako mogu se nadati dobrom.Srdačan pozdrav i prijatan dan……

Напиши коментар