Дестинации

Најголемиот аквариум во Европа

Океанографскиот парк во Валенсија

Сигурно сте слушнале за убавините на Мадрид и Барселона, но тоа не е сé. Валенсија е уште една убавица на Шпанија која вреди да се посети. Валенсија е градот посветен на уметноста, науката, културата, природата, музиката и просторот. Во океанографскиот парк во Валенсија, се наоѓа најголемиот аквариум во Европа, дело на Феликс Кандела. Во внатрешноста се сместени 42 милиони литри вода, дизајнот е во облик на крин, а во водата се наоѓаат 45.000 видови водни животни. Прекрасно е чувството кога ќе видите како ајкулите пливаат над Вас или пак пингвините шетаат со нивните смешни движења на телото, а Вие може да ги храните.

Освен трет најголем град во Шпанија, Валенсија е и еден од најдинамичинте градови. Структурата на целиот парк е под вода, така што ова може да биде и најубавото а воедно и наједукативното патување на Вашите деца, љубопитно ќе го простудираат целиот воден свет. Билетите кои ќе ги купите за ова место, важат за целиот ден, кој може да ви биде и премалку за да одолеете на воденото царство кое Ве опкружува.

Во океанографскиот парк се наоѓаат и ботанички градини во кои има морски растенија какви што можеби никогаш нема да имате прилика да видите. Бидете дел од пространиот воден свет, израдувајте ги Вашите деца и не заборавајте да ја посетите Валенсија…

Навистина вреди …

 

Напиши коментар