Дестинации

Најголемиот и најдлабок базен во светот

Сан Алфонсо Дел Мар, приватното одмаралиште во Чиле, поседува доста длабок и огромен базен, во кој без никакви потешкотии, би можело да се одржи маратонско пливање…

Најдлабокиот светски отворен базен, кој има големина на 20 Олимписки базени или во цифри, должина од 1 километар е светски позната атракција која нуди многу. Заедно со околината, зафаќа површина од 7,7 хектари, а неговата внатрешност содржи 250 милиони литри кристално чиста вода.

Огромната вештачка лагуна се наоѓа во градот Алгаробо, на стотина километри од главниот град Сантјаго. Базенот користи компјутерско прочистување, филтрационен систем за вода од океанот, при што од едната страна водата се полни, а од другата се исфрла, додека сонцето го загрева на пријатни 26 степени, што е за девет степени повисока температура отколку на море. Овој базен го држи Гинисовиот рекорд за најдлабок базен на светот, со длабочина од 35 метри. На него, можете да нуркате, да возите чамец или да пливате… Исто како да се наоѓате на вистинско отворено море. Големата инвестиција, отворена во 2006, чинела околу 2,8 милиони евра…

Проценете дали е исплатлива…

Напиши коментар