← НАЗАД НА БОЗА

Најголемите митови за бременoста !!!

Најголемите митови за бременoста !!!
888 Читања

Трудниците, особено оние кои го очекуваат своето прво дете, слушаат безброј совети и правила, кон кои мораат да се придржуваат ако сакаат здраво дете. Сепак, се што Ви зборуваат, земајте го со резерва. Слушајте ги само советите на лекарите, бидејќи големи се шансите, останатите совети да бидат само обичен мит…

Во што не треба да верувате:

– Не би требало да пиете кафе ???

Не претерувајте со кафе, но една до две шолји е сосем во ред

– Пиењето темно пиво помага во создавањето млеко ???

Тоа може да придонесе само идната мајка да се опушти, што евентуално може да доведе до настанок на млеко, но тоа нема врска со состојките во пивото.

– Трудниците треба да јадат за двајца ???

Бременоста бара дури 300 калории повеќе отколку што е потребно од вообичаената секојдневна состојба. Значи, нема изговор за да се прејадете.

– Не смеете да се возите во авион во првото и последното тромесечје ???

Смеете да патувате со авион во било кој дел од бременоста. Можеби некои авиокомпании нема да Ве пуштат во последното тромесечје, од причина што може да добиете породилни болки.

– Фарбањето на косата е штетно за детето

Никогаш не е докажано дека хемикалиите од фарбата, на тој начин можат да влезат во крвотокот. Сепак, би требало да се фарбате во добро проветрена просторија.

– Не смеете да ги кревате рацете над глава

Напротив, лесната физичка активност се препорачува на трудниците, освен во посебни случаи кога лекарот ќе забрани.

– Треба да спиете на лева страна

Спијте како што Ви е најудобно !!!

– Положбата на бебето  во стомакот да го открие полот

Полот на бебето не може да се открие гледано од страна

– Шетањето ќе ги намали болките

Можеби од некои активности ќе се чувствувате подобро но не постои активност која ќе ги намали болките.

– Поголемо бебе е подобро бебе

Во просек, бебето кога ќе се роди има 3, 4 килограми. Бебињата родени со поголема тежина, имаат поголеми шанси подоцна од животот да патат од дијабетес и прекумерена тежина.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk