ШоуБиз

Најголемите светски ѕвезди на вечера кај Ноле

Новак Џоковиќ веќе најави дека ќе организира хуманитарна вечера во Њујорк со која планира да собре парични средства и да им ги даде на непревилигираните деца во Србија.

И речено, сторено. Ноле организираше гала вечера на која присуствуваа многу голем број на светски познати ѕвезди од областа на модата, филмот, музиката и спортот.

Целта на оваа фондација е да се соберат парични средства за децата кои се гладни и неухранети, кои немаат услови за да се образуваат и надградуваат заради финансиски или здраствени причини… Со оваа гала вечер Ноле успеа да обезбеди 1,4 милиони долари за децата од родната Србија.

Тој изјавил дека е презадоволен од првиот ваков потег на Фондацијата, и се надева дека во иднина ќе успева уште многу пати вака да ги собере светските ѕвезди, а со тоа да им помогне на оние на кои им е потребна помош.

Напиши коментар