ШоуБиз

Најхуманите ѕвезди во 2011 година!

Организацијата „DoSomething.org“ оваа година објави листа на познати личности кои се истакнале со својата хуманост изминатава година.

Според податоците на организацијата и оваа година на самиот врв на личности кои се истаклане со хуманитарни и добротворни активности се наоѓа Лејди Гага. Таа особено се истакна во борбата против ХИВ вирусот и им помагаше на заболените од СИДА. Се бореше и за правата на геј популацијата и сите „поинакви“ личности.

На второ место се најде Џастин Бибер кој поради своите ангажмани за решавање на проблемите во образованието и здравјето на младите скокна од 10-то на 2-ро место. Како хуманитарна личност се покажа и Џорџ Клуни, кој го зазеде третото место.

Еве ја целата листа на првите 10 најхумани ѕвезди:

  1. Лејди Гага
  2. Џастин Бибер
  3. Џорџ Клуни
  4. Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
  5. Леонардо ДиКаприо
  6. Мет Дејмон
  7. Елен Деженерес
  8. Бред Пит и Анџелина Џоли
  9. Двајт Хауард
  10. Деми Ловато

Write A Comment