Motherhood

Најискрените детски објаснувања за љубовта…

Група деца на возраст од 4 до 8 години дадоа длабоки и искрени одговори на прашањето: Што е љубов ?

Нивните објаснувања навистина ги надминуваат очекувањата… Малите мозоци дадоа одлични одговори на прашањето кое возрасните не би можеле да го дефинираат…

„ Кога некој искрено те сака, тој некој го изговара твоето име поинаку. Ти знаеш дека твоето име е на сигурно во неговата уста“ – 4 години.

„ Љубов е кога девојката ќе си стави парфем.а момчето тоалетна вода и ќе излезат заедно да се мирисаат “ – 5 години.

„ Љубов е кога ќе излезеш со симпатијата да јадеш помфрит и него ќе му дадеш повеќе помфрит и не очекуваш ништо за возврат “ – 6 години.

„ Љубов е она што ме тера да се смеам дури и кога сум уморна “ – 4 години.

„ Љубов е кога мама ќе му свари кафе на тато и тогаш таа ќе го проба, за да провери дали кафето има убав вкус “ – 7 години.

„ Додека рецитирав песничка на бина бев многу уплашена. Гледав во луѓето кои ме гледаа и меѓу нив го видов тато како ми се насмевна и ми мавна…Тој беше единствен што се насмеа и ми мавна и повеќе не ми беше страв… Тоа е љубов “ – 8 години.

„ Љубов е кога мама ме бакнува многу повеќе отколку било кој друг. Никој тоа не може да го види, но мама ме бакнува најмногу од сите додека јас спијам“ – 6 години.

„ Љубов е кога мама ќе му го даде на тато најубавиот дел од печеното пиле “ – 5 години.

„ Љубов е кога кучето ти го лиже лицето иако си го оставило само цел ден “ – 4 години.

„ Кога некого сакаш твоите трепки одат горе – доле и од нив излегуваат многу ѕвездички “ – 7 години.

„ Не треба да кажеш ТЕ САКАМ ако тоа навистина не го мислиш. Ако пак го мислиш, кажувај го повеќе пати, бидејќи луѓето забораваат “ – 8 години.

Напиши коментар