Дестинации

Најмистериозните места во светот

“Salar de Uyuni” е магично место. Кога е прекриено местово со вода изгледа како стаклено огледало и ако некој оди по него изгледа како одење по облаците. Солената кора опфаќа 10 583 квадратни километри и се наоѓа во југозападниот дел на Боливија. Ова место денеска е само остаток на големо праисториско езеро кое тука се наоѓало.

“Richat Structure” или “Oкото на Африка” како што е познато ова место се наоѓа во централна Мавританија. За прв пат местото е евидентирано од страна на астронаутите по времето на првите вселенски мисии. Оваа формација е со дијаметар од 48 километри. Во печетокот се верувало дека ова е последица од метеор кој некогаш ја погодил земјата, меѓутоа ова не ја објаснува неговата идеална симетрична форма.

“Giants Causeway”, односно “Гиганскиот насип” претставува мошне интересно симетрично распоредени огромни камени блокови. Се до 1771 година не била позната причината за ваквиот изглед и распоред на овие камени блокови. Покасно мисеријата се разјаснува, а вистината е дека станува збор за ремек дело создадено од вулканска активност пред 60 милиони години.

“Floor drawings” Тајните кои ги кријат овие камени структури се уште се мисерија за науката. Археолозите откриле илјадници вакви камени цртежи на земјината кора, но нивното потекло е непознато. Вакви примероци се наоѓаат во Сирија, Јордан и Саудиска Арабија. Димензијата на овие кругови изнесува од 25 – 70 метри. За што служеле? Дали тие имаат посебно значење? Тоа допрва треба да биде откриено…

“Racetrack Playa” Дури и НАСА не може да ја објасни оваа појава односно чудното лизгање на карпи по површината на сувото езеро. Се наоѓа во националниот парк “Долината на смртта”. Површината е скоро речиси равна и затоа не е јасно како се лизгаат огромните карпи на равна површина, дали се тоа силни ветришта кои ги придвижиле карпите или некоја друга надприродна сила?

“Мистериите на Канадскиот национален парк” Се верува дека оваа специфична појава или феномен е предизвикана од големата концентрација на минерали, и со испарување на водата се создаваат овие неверојатни форми и бои. Некои веруваат дека има некоја надприродна сила што го создала местово.

“Памуккале” е важна туристичка атракција во Турција. Во областа се наоѓаат 17 извори на топла вода со температура од 95-212 целзиусови степени која содржи висока концентрација на калциум бикарбонат кој се стврднува и на тој начин се формираат камените бели тераси.

“Zlatni Rat” е позната плажа во Хрватска позната по тоа што често ја менува својата форма поради влијанието на ветрот, плимата и осеката и морските струи.

“Goblin Valley” се наоѓа во јужниот дел на Јута и е место прочуено поради чудните и мистериозни камени формации. Песочната ерозија е одговорна за создавањето на овие најразлични склуптури кои потсетуваат на гоблини.

“Lake Mono”, Со испарувањето на водата на езерото Моно се креирале овие камени формации.Ова е едно од најстарите езера во Америка со површина од 181 квадратни километри.

“Големата сина дупка” Ова е една од најдобрите нуркачки локации во светот. Има кружен облик, пречник што изнесува 305 метри и длабочина од 125 метри. Содржи интересни подводни пештери,  фантастични корални формации, многу видови тропски риби и многу бистра вода.

“Moeraki Boulders” Овие камења се голема туристичка атракција кои се наоѓаат на плажите на Нов Зеланд. Тоа се огромни, сиви сферични камења формирани пред 60 милиони години со помош на ерозија.

Напиши коментар