Дестинации

Најнеобичните места на планетава !!!

Повеќето секојдневни искуства се менуваат под влијание на новите технолошки достигнувања:  книгите се заменети со е- книги, лаптопите со таблети,  свежото е заменето со добро спакувано…Меѓутоа, патувањата овозможуваат пронаоѓање на кревко опкружување на кое се заснова иднината.

Таму, ќе доживеете моменти кои се зачинети со сегашноста или минатото и ќе Ви се чини дека времето застанало. Ви предлагаме неколку места кои треба да ги посетите во име на старите добри времиња кога едноставно посакувавте времето…барем за момент да застане !

Планинските горили, Руганда и Уганда

Многу малку се нештата кои можат да се споредат со шепотењето со големите мајмуни….со оглед дека останувате без здив, сфаќајки дека од нив Ве дели само едно големо, замрсено семејно стебло.

Бутан

Кралството Бутан, со години било замислувано како земја на замрзнато и традиционално минато, меѓутоа, тоа го демантира испланираната модернизација, која е започната пред 40 години. Сепак, нивната култура се заснова на Будистичката митологија и во комбинација со неверојатната географија, јасно Ви е зошто треба да го посетите ова место. Ќе уживате во поглед на врвот на Хималаите, длабоките и преубави долини и прошетките меѓу ридовите.

Големата џамија во Џенеу, Мали

Големата џамија во Џенеу е најголемата зграда од тули и злато на светот, која многумина архитекти ја сметаат за најголемо достигнување во судано- сахелската архитектура. Веќе повеќе децении оваа „млада“ зграда ( бидејќи потекнува од 1907 година ) влече туристи. Направена е по пример на Големата Џамија која се  наоѓала на истото место во 1820 година; оригиналната зграда била срушена во 19 век.

Реката Амазон

Бавниот пат до, втората по ред, најголема река во светот, за некого ќе биде монотоно патување, а за некого можеби најголемото животно искуство. Најдобро запознавање со Амазон би имале ако се одлучите за некој од речните бродови, кои ќе Ви овозможат најдобар увид во амазонската дождовна шума. Потпрете се на лежалка, затворете ги очите и уживајте во најголемата шума на светот.

Антарктик

Патот до Антарктик е навистина скап. Постојат неколку начини да се стигне до таму, а ниеден од нив не е едноставен. Меѓутоа, на оние кои ќе им успее замислата- ги очекува огромна награда…Ќе Ви ја откриеме- Преубави сцени од ледени врвови, планински прегови, диви животни и неверојатни залези на сонцето, кои траат можеби со часови.

Разгледување на Националниот парк Серенгети во Танзанија, со балон

Замислете, преубаво крстарење на небото и поглед кон рамнините и дивите животни и тоа со изгревот на сонцето…Ова би си го овозможиле во Националниот парк Серенгети во Танзанија, а патот е најдраматичен во Мај и Јуни, кога масовни стада зебри тргнуваат во годишна миграција.

Мон Сен Мишел, Франција

Мон Сен Мишел е мистериозниот град, замок, остров и опатија, во едно. Бенедиктанскиот манастир доминира на островот со својата грандиозна површина од 55.000 метри квадратни. Неговата убавина, ова место го направи позната светска дестинација. Оваа опатија е најдобар пример на француската средновековна архитектура, а Мон Сен Мишел е и село на островот, основано во 708 година. Се смета дека ова место е најпозната француска дестинација, со оглед на тоа што неговите тесни улици, секојдневно се полни со туристи.

Пливање со китови, Тонга

Помеѓу Јуни и Ноември, китовите се собираат во Тонга, поради парење. Набљудувајќи ги од палубата на бродот секако дека е примамливо, но задоволството е поголемо кога пливате заедно со нив, особено ако сте во близина на мајката и младенчето.

Петра, Јордан

Петра е древен град во Јордан, познат по водените тунели и камените структури врежани во карпите. Денес, до тоа место може да се дојде само преку тесна планинска патека од северозапад или карпест пат од исток долг 1,5 километри, а карпите на кои се наоѓа се високи околу 200 метри. Кај туристите, најпопуларна е градбата Khazne al- Firaun. Можеби изразот градба и не е најточен, со оглед дека зачуваните објекти во Петра не се изградени туку врежани во карпите. Бедуините ја нарекле „ Фараонска ризница “, иако станува збор за една од  многуте врежани гробници.

Ласа, Тибет

Ласа, само по себе значи „ место на Боговите “, иако древните тибетански документи сведочат за тоа дека местото се викало Раса, што во превод значи „козје место“. Со надморска височина од 3.650 метри, Ласа е едно од највисоките места на светот и претставува традиционално седиште на Далај Лама. Реткиот воздух и погледот на Хималаите ќе Ви го одземат здивот и за разлика од протераниот Далај Лама, Вие слободно можете да уживате во палатата Потата.

Напиши коментар