Месецот на жената резултираше и со преубав подарок од брендот Louis Vuitton. Токму во симболика за најнежното суштество, брендот пласираше нова колекција која преку провидни и везени материјали во пастелни бои, го понуди најдоброто за сега, совршено за претстојнава Пролет.
Кај лесните фустанчиња доминираат јаките и копчињата, а колекцијата ја надополнуваат „ шпиц “ чевлите кои го најавуваат својот „ кам бек “, како и романтични шноли за коса.
Апсолутно потребно освежување за топлите денови…















