Таа е неодолива! Karen Willis Holmes ја представи својата најнова колекција венчаници наменети за 2013 година при што предизвика воодушевување кај критичарите од модниот свет и секако голем аплауз.
Овде ќе видите модерни невестински фустани изработени од врвни и ексклузивни материјали. Нејзините креации се добро познати благодарение на врвниот квалитет и префинетите детали.



















