Sweet Home

Најскапиот апартман во светот „тежок“ 305 милиони долари

Купен е и најскапиот апартман на светот… Зад името на неговиот сопственик не стојат иницијали, но е потврдено дека станува збор за арапски шеик кој за истиот издвоил „ безобразни “ 305 милиони долари.

Преубавиот апартман кој се наоѓа во Монако, претставува медитеранска романса, која се гледа во секој елемент. Овде секоја мерна единица се изразува во луксуз…Прекрасните скали, огромната библиотека, кристалните лустери, неколкуте спални соби, градината…Секое нивно парче комплетно се совпаѓа со намерата ова место да биде поинакво. Бежовата и кафеавата боја прецизно го нагласуваат концептот на едноставност, кој сепак, во комбинација со светлиот простор дава аристократски шарм.

Најчесто, зборот луксуз шеиците го поистоветуваат со  вредни скапоцени камења, “неколку“ килограми злато и шарени дезени, кои според нив означуваат моќ. Шеикот кој се одлучил за овој апартман, благодарение на големата цена, располага со еден од најубавите апартмани во светот, но и место во кое стилот е безвременски.

Напиши коментар