Sweet Home

Најскапиот мебел на планетата

Креветот, за кој не важат законите за гравитација е вистинска иновација на пазарот. Со помош на магнети, истиот лебди на околу 1,3 метри од подот и може да поднесе тежина до 2.000 килограми.  Холандскиот архитект Janjaap Ruijssenaars работел шест години на оваа технологија со цел да се оствари неговата идеја. Цената на креветот изнесува 1.6 милиони долари.

Најскапата масичка на светот е продадена на аукцијата Кристи во Филаделфија. Масичката „ Туфт“, која го добила името според нејзиниот дизајнер Томас Руфт, е направена во рококо стил, кој потекнува од Франција, од 18 век. Најимпресивниот факт во врска со ова парче е цената со која е продадена на аукцијата…Станува збор за 4.600.000 долари.

Најскапата фотелја на светот е дизајнирана од страна на Елен Греј, во периодот помеѓу  1917 и 1919 година, под името „ Dragons chair “ . Истиот му припаѓал на непознат француски препродавач на уметнички дела, пред да дојде во рацете на Saint Lauren, основач на истоимениот бренд. Фотелјата е продадена во Париз за неверојатни 28 милиони долари.

Најскапото „парче“ мебел не е ниту фотелја, ниту масичка, ниту кревет, туку кабинет. Ова уметничко дело е дизајнирано 30 години од страна на 6 експерти. Прв пат се појавува на аукција во 1990 година, кога бил продаден за 15 милиони долари, а својот „статус “ го подобрува во 2004 година, кога е продаден за рекордни 36 милиони долари.

Навистина импресивно…

Напиши коментар