Керозин

Најскапите автомобили во светот

Најскапите автомобили се произведуваат во ограничен број на примероци, и честопати однапред се знаат клиентите кои ги нарачуваат.

Меѓутоа, ако имате пари и можност, тешко ќе можете да одолеете на некои од нив. Ќе посакате и вие да купите некој таков автомобил и да имате еден примерок и во вашата сопствена колекција.

Впрочем, и покрај економската криза, Ролс-Ројс минатата година постигна најдобри резултати во продажбата на 107-годишната историја на компанијата.

Компанијата најави дека во регионот Азија-Пацифик, продажбата се зголемила за 47 проценти,  во Блискиот Исток, 23 проценти и 17 проценти во Северна Америка. Кина и Северна Америка го сочинуваат најголемиот пазар на Ролс-Ројс.

Покрај тоа, Ферари објави дека е постигнат нов рекорд во продажбата во првата половина на 2012 година. година. Вкупно 3664 автомобили беа испратени до дистрибутерите, што претставува зголемување од 7,4 проценти во споредба со првата половина од минатата година. Во нашата фото галерија може да се види кои се најскапите автомобили во светот.

Maybach Exelero, 8.000.000 $

Bugatti Veyron Supersport, 2.600.000 $

Ferrari 599XX, 2.000.000 $

Koenigsegg Agera R Carbon-Fiber, 1.981.000 $

Pagani Zonda Cinque Roadster, 1.850.000 $

Zenvo ST1, 1.800.000 $

Lamborghini Reventon, 1.600.000 $

Aston Martin One-77, 1.400.000 $

Pagani Huayra, 1.300.000 $

Hennessey Venom GT, 1.000.000 $

SSC Tuatara, 970.000 $

McLaren F1, 970.000 $

Porsche 918 Spyder, 845.000 $

Ferrari SA Aperta,520.000 $

 

 

 

Напиши коментар