Мода

Најскапите женски чевли во светот !!!

Секоја жена би посакала добар пар обувки. Најскапите обувки на светот се направени за иранската принцеза Сораја во 1963 година, а се продадени на аукција за 26.629 американски долари…

Погледнете ја листата на најскапи обувки:

1.Број еден се секако обувките на Christian Louboutin. Не се светкави и сјајни, но овие обувки од алигаторска кожа ќе Ве чинат вистинско мало богатство – 4.645 американски долари.

2.Второто место е за  кожните, рачно изработени летни чизмички од брендот Gucci. Чинат 3.750 американски долари.

3.Секогаш на врвот се и обувките на креаторот Gianmarco Lorenzi. Идеални  за вечерни излегувања , овие високи сатенски потпетици ќе Ве чинат 3. 348 американски долари.

4. На четвртото место се наоѓаат сандалите од Tabitha Simmons. Нежни се, со кристали и идеални се за свечени прилики или идни невести.

5.Антилоп чизмите од Balmain  се исто така на врвот најскапи обувки. Ако ова е Вашиот стил, можат да бидат Ваши за само 2.725 американски долари.

6.На шестото место повторно се наоѓа Christian Louboutin. Овие обувки ќе блеснат на Вашите нозе за 2.445 американски долари.

7. Gucci „Sofia“ – кристалните обувки со платформа, се чинат подостапни за разлика од  останатите модели на престижните креатори. Можете да ги имате за само 2.295 американски долари.

8.Rick Owens се чизмите кои можат да послужат и како панталони. Чинат 2.073 американски долари.

9. Jimmy Choo Marlene , сандалите украсени со перја се наоѓаат на деветтото место. Можете да ги имате за 1.995 американски долари.

10. Црните сатенски обувки со кристали од Giuseppe Zanottia, можат да бидат Ваши за 1835 долари.

Напиши коментар