ШоуБиз

Најслатката роденденска честитка! :)

Пејачката Пинк решила да ја изненади својата пријателка, водителката Елен Де Женерес по повод нејзиниот роденден. Меѓу многуте честитки кои ги примила познатата водителка, една посебно се истакнала. Пинк снимила домашно видео во кое ѝ посакува сè најдобро на Елен и вели дека има посебно изненадување.

Потоа влегува дома и во раце ја зема својата мала ќеркичка и се обидува да ја сврти кон камерата.

–          Знам дека тато е посладок, но сврти се наваму, – ѝ вели Пинк на својата Вилоу, додека таа седи со татко си.

Девојчето се врти кон камерата и слатко се смее, а на тоа публиката посебно се разнежнила. Вилоу има само осум месеци.

Погледнете ја најслатката честитка:

http://www.youtube.com/watch?v=MGBnbxKQJnE&feature=player_embedded

Напиши коментар