Здраво тело

Најсмртоносните убијци на светот… Погледнете кои се и каде се кријат!

Ретки се луѓето кои обрнуваат внимание што јадат, пијат и како живеат. Тоа што ни го загрозува животот се наоѓа и на најнеприметните места, а ние ви откриваме на што би требало да обрнете внимание.

Солта во храната предизвикува покачување на крвниот притисок, а тој всушност е и главниот причинител за повеќето умирања во целиот свет! Лекарите кои се состанаа на нутриционистичкиот конгрес во Рио де Жанеиро порачаа дека регулирањето на количината  сол во исхраната може да спречи неколку милиони прерани умирања широм светот.

-Солта и цигарите отприлика се изедначени како причинители за смрт. Солта е важна состојка за одржување на здравјето, но дневно ни е потребно само околу 350 милиграми, тврди професорот по кардиоваскуларна медицина од Лондон, Graham MekGregor.

Американците, на пример, дневно конзумираат околу 3.500 милиграми сол. Знатно количество сол која ја конзумираме се наоѓа во обработената и веќе подготвена храна, пренесува Дневник хр. На пример, кесичка чипс содржи околу 250 милиграми сол, но во козерва со зеленчук има околу 1.000 милиграми. Брзата храна може да има и до 2000 милиграми сол.

Ако секој би го смалил внесувањето сол дневно за 2.000 милиграма, би спречиле само 1.25 милиони умирања од мозочен удар и 3 милиони умирања од кардиоваскуларни болести секоја година само во Велика Британија. Кога секој Американец би го намалил внесувањето  на сол за 1.200 милиграми дневно, САД би заштедиле околу 24 милијарди долари за здравство.

Со додавањето сол, ефтината и лоша храна има подобар вкус. Од солта ожеднуваме. Па таа е важна за индустријата за пијалаци. Исто така, месото од солта набабрува па производителите често ја користат како би продале потешко парче месо со послаб квалитет, вели  MekGregor, кој нагласува дека потрошувачите и не можат баш многу да влијаат на количината сол која ја внесуваат во својот организам бидејќи едноставно – не знаат каде се се наога.

Напиши коментар