Дестинации

Најсреќните места на светот

Фиџи: Синото море и зелените дрвореди кои ја сочинуваат оваа земја, ќе направат токму овде да се чувствувате како никаде на светот. Луѓето овде ги задржале традиционалните прослави. Во оваа мала земја, секогаш може да дојдете до добра журка и да имате најубав помин.

Монтреал, Канада: Градот е чист и мулти – културен. Луѓето се гостопримливи, а доколку се одлучите да го посетите во Јули, ќе проверите колку е насмеан. Една од причините е и Фестивалот на комедија.

Среќниот град Тексас, САД: Се тврди дека ова е град без грижи. Погледот на градот, планинарењето долж кањонот Пало Дуро и набљудувањето на американските бизони- тоа е вистинскиот Тексас. Накратко, таму ќе го почувствувате вистинскиот американски живот.

Бутан: Дали некогаш сте слушнале за незадоволство и несреќа во Бутан? Ова мало царство лоцирано во Хималаите има сопствен начин на креирање среќа, така што нивниот процес на модернизација не доаѓа во контраст со Будистичката традиција.

Колумбија: Карневалите и фудбалските натпревари ќе Ве принудат да ги почувствувате сите страсти на оваа карипска земја.

Планината Uui во Кина: Во ова место може да ги посетите мистериозните пештери, да уживате на таканаречената „ Искривена река “ или пак да уживате во камените натписи постари од 4000 години.

Малави: Или…топлото срце на Африка ! Иако оваа е една од најсиромашните земји на светот, луѓето овде се пријателски настроени, како и меѓусебно, така и спрема останатите туристи.

Андора: Луѓето во Андора имаат најдолг просечен живот: 83,5 години. Чистиот воздух од Пиринеите ја исполнува целата земја, во која можете да уживате во скејтинг, планинарење и бициклизам. Андора е земја на мирот, бидејќи повеќе од 700 години нема учествувано во ниту една војна.

Хидакагва од Вакајама, Јапонија: Секоја година, жителите на Хидакагва приредуваат паради по улиците извикувајќи: „ Warau ! Warau ! “ ( насмевки, насмевки ).

Данска: Официјална е изјавата дека Данска е најудобната земја за живеење, во целиот свет. Сино небо, бели облаци, неверојатно добро организиран транспорт и бунгалови по плажите што ги отсликуваат вистинските стандарди за Данска. Можете да возите велосипед низ разните градови и шуми, да уживате во највкусната кујна во Северна Европа, да испиете кафе на мир, во локалните кафетерии… Едноставно, Данска е рецепт за среќа !

Напиши коментар