Тиркизно море, бел песок на кој е сместен стариот брод на Панагиотис, големи карпи кои ја опкружуваат целата плажа… вака изгледа најубавата плажа во Грција која се наоѓа на Закинтос, а се вика Навагио.
Ова е рајот на земјата, според многумина кои барем еднаш во животот биле и ја посетиле оваа плажа. На кратко ќе ви ја претставиме со неколку фотографии, да ја видат оние кои не ја виделе и да ги потсетиме на убавите моменти сите оние кои биле веќе на оваа плажа.






