Кинескињата Венхсиа Ју е избрана за најубава жена во светот на овогодинешниот избор на Мис на светот 2012.
Прва до најубавата жена е Софи Моулдс од Велс, а на третото место се најде австралијанката Џесика Мишел Кахевати.
Изборот се одржа во градот Ордос, во кинеската област Внатрешна Монголија.
Инаку Венхсиа е 23 годишна студентка по музика, која покрај мир во светот сака да стане учителка по музичко образование.
Титулата за Мис на свет и ја даде досегашната мисица, венецуелката Ивијан Саркос.




