ШоуБиз

Најубави и најбогати

Магазинот Форбс ја објави листата на најплатените модели во светот. Прва на листата секако се најде Жизел.

Според Форбс, Жизел Бундхен е прва на листата по заработувачка. Таа од мај 2011 до мај 2012 година заработила 45 милиони долари. Таа овие пари не ги заработила само од “шетање” по пистата, туку и од напорните кампањи за брендовите како што се “Пантен”, “Еспри”, “Версаче” и други.

На второ место се најде Кејт Мос со заработка од само 9,2 милиони долари. Третото место и припадна на русинката Наталија Водјанова со 8,6 милиони, а четврта е Адријана Лима со 7,3.

Доузен Кроз заработи 6,9 милиони, а Алесандра Амбросио 6,6 милиони.

Миранда Кер е седма со 4 милиони. Лара Стоун е осма со 3,8 а девета е Керолин Марфи со 3,5 милиони. Десетта е Кендис Свенепол со 3,1 милион.

Напиши коментар