Ако ви треба експресно да го средите изгледот, да го намалите стомакот, тогаш овие диети навистина ќе ви помогнат:
Ден за пилешко
Појадок: две лажици овесни снегулки кои од вечерта ги потопивте во четири лажици млеко со ниска масленост. Измешајте ги со 150 мл јогурт и неколку парчиња свежо овошје.
Ручек: замотајте во алуминиумска фолија едно парче пилешко месо и печете го 20 мин на 180 степени. Послужете го со еден домат .
Вечера: во вода ставете две кори од лимон и половина килограм шпаргли. Исецкајте ги на парчиња и зачинете ги со омилените зачини и додајте јогурт. Во оваа салата може да додадете и 50 гр шунка исецкана на коцки.
Ден за тестенини и салати
Појадок: парче интегрален леб со 30 гр свежо сирење.
Ручек: Сварете интегрални тестенини – 60 гр. Кратко обарете 150 гр спанаќ, па исецкајте го зачинете го и додадете му лук, маслиново масло.
Вечера: сварете интегрални тестенини, па прелијте ги со ситно исецкан домат, пиперка и зачинете со сол и бибер.
