Мода

Најубавите фустани од Zuhair Murad за Пролет 2012

Силните пораки на Zuhair Murad ги разбира секоја жена…Без разлика на жанрот на музика, стилот на живеење, професијата…Zuhair Murad е кодекс на облекување во светот на гламурот.

Новата Пролетна колекција ги разбранува сите пастелни и потемни тонови кои овој пат варираат преку одличните комбинации: од  едноставни материјали до рачно изработени везови, кои само Zuhair Murad може да ги изведе на толку оригинален начин. Најмногу се застапени бисерно белата, златната и црната боја. Должината на фустаните исто така добива нова интерпретација, асиметрични модели, сепак нормата останува иста: максимално прикажување на убавината на женското тело. Последната колекција на Zuhair Murad е инспирација од филмот Casino, поточно од улогата на неодоливата Шерон Стоун. Само обидот на Zuhair, веќе се претвора во завршен чин од свила и рачно изработени материјали кои без да прашате, го даваат одговорот кој ги има дизајнирано…

 

Напиши коментар