Нашиот јужен сосед навистина има со што да се оправда…
Задолжителен дел од секое летување се преубавите грчки плажи кои нудат различни убавини, во различни предели, кои ги задоволуваат и највисоките критериуми.
Можеби „добрососедските“ односи не ја финализираат посакуваната состојба… А и среќата во поглед на финансиите некако свртува грб, но Грција со задоволство излегува во пресрет, кога се во прашање долгите песочни плажи, посетувани дури и од најпознатите ликови од шоу бизнисот. Карактеристичните песочни убавици, придружувани од објекти специфични токму за Медитеранот се честа мета на илјадници туристи.
Традицијата покажува дека колку и да се противиме на фактите, секоја година уживаме во неодоливите грчки плажи…
Да се потсетиме на некои од нив …
httpv://www.youtube.com/watch?v=qSR-xiEKCcM&
