Модните куќи за оваа Пролет, се погрижија многу повеќе околу патиките. Најудобните обувки оваа сезона, речиси кај сите модни брендови пленат со стил. Lanvin и Miu Miu веќе неколку сезони воодушевуваат со препознатливиот дизајн.
На модниот пазар, оваа сезона можеби и најголем впечаток оставија патиките на Isabel Marant, моделите кои имаат инкорпорирано платформа и кои направија вистинска револуција.
Converse и оваа сезона нуди едноставно, а премногу. Пастелни бои, интересни дезени и многу удобност е неговото решение за Пролет 2012. Она што најмногу нé воодушеви е соработката помеѓу Adidas и Џереми Скот, која резултира со генијална идеја – патики облечени во џинс, односно патики со принтот на американското знаме…
Навистина голем избор за лесен и тренди чекор, оваа сезона !!!














