Ако седнеме да ги броиме сите креации на Бог, човекот ќе биде најплодниот артефакт кој потекнува од Семоќниот. Бог е архитект и на Сонцето, Ѕвездите, Месечината, високите планини, реките, растенијата. Меѓу таквите неверојатни подароци се и неверојатните пештери кои секогаш ги фасцинираат љубителите на природата со нивниот сјај. Ви ги претставуваме најубавите…
1. Пештерата Харисон – Неверојатното скривалиште на сталактити и сталакмити е едно од новите „ кандидати“ за осмо светско чудо.Се наоѓа во Барбадос.
2. Пештерата Phong Nha – Природната „кукла“ под заштита на UNESCO во Виетнам е мозаик од подземна река и формации кои добиваат интересно комбинирани бои.
3. Waitomo Glowworm – Да, тоа е блескавата пештера, а која ефектот на блесок го добила по минералите и ларвите кои се развлекуваат и изгледаат како кристални висулки. Особено навечер. Се наоѓа во Нов Зеланд.
4. Кристалната пештера – Мексико е дом на најголемите кристали и тоа преку пештерата во која се наоѓаат. Неверојатните кристални формации се широки 10 а долги 30 метри.
5. Пештерата Ali Sadr- И Иран е државата на најубавите пештери. Внатрешните формации имаат облик на цветови, чадорчиња и игли и тоа замислете, во сите бои.
6. Eisriesenwelt – Најголемата варовничка пештера во светот, долга 42 километри.
7. Lechuguilla – Во Ново Мексико се наоѓа пештерата со необични геолошки својства, спелеотерми, гипс, и лимоново жолти сулфурни „статуси“. Преубава е !
8. Кристалната пештера во Калифорнија- Константна температура од 9 °C и мрежа од кристали – едноставна убавина…
9. Пештерата „Жолт змеј“- Во градот Хангзу се наоѓа раскошна „кутија“ која сместува секакви бои…Не плашете се од името и задолжително посетете ја…
10. Пештерите во Хрватска – Лукина јама, Словачка јама, Велебита и Медуза се најубавите Пештери во Хрватска. Во подножјето на Лукина јама има најголеми колонии на пијавици.
1 Коментар
Le grotte di nettuno – vo blizina na Alghero (Sardinia) vredi da bidat vkluceni tuka.