Ќе се согласите дека нема ништо послатко од убаво облечено мало девојче…
Насмевката е најубавата облека за малечките Принцези. Сепак оваа Пролет, овозможете им и тренди комбинации кои дополнително ќе влијаат на нивната насмевка.
Високата мода во голем дел се концентрира и кон облеката за деца, меѓутоа тоа не е толку неопходно во времето кога финансиите, не дозволуваат премногу…
Правилната комбинација на парчиња облека, може да направи многу за изгледот на Вашите Принцези. За Ваше и нивно задоволство, Ви нудиме неколку интересни идеи, со кои малечките ќе изгледаат неодоливо и што е најважно, ќе ги имаат основите на нивниот стил, кој малку подоцна…многу ќе им значи !















