Постојат тунели во светот кои имаат необична цел, изглед и локација. Еве некои од нив кои се навистина уникатни…
Токму поради таа нивна уникатност, овие тунели станаа позната туристичка атракција…
1. Тунелот низ зградата Gate Tower, Осака, Јапонија
Една од најнеобичните згради во Јапонија е Gate Tower во Осака. Оваа зграда е необичен компромис помеѓу сопственикот на земјиштето и јапонската влада. Петтиот, шестиот и седмиот кат од зградата, е тунел идел од автопат.
2. Тунелот Log, Калифорнија, Сад
Станува збор за срушено диво стебло на секвоја кое се наоѓа преку автопатот во Секвоја, Националниот парк во Калифорнија. Стеблото со висина од 84 метри и ширина 6.4 метри, паднало преку автопатот во 1934 година, поради виша сила. Следната година е направен тунел во внатрешноста на стеблото, со висина од 2,4 метри, ширина 5,2 метри, а со тоа автопатот повторно станал прооден.
3.Тунелот на љубовта, Клевен, Украина
Еден од најубавите тунели во светот се наоѓа во Клевен, Украина – Тунелот на љубовта… Тоа е тунел од стебла, низ кои поминува железничка пруга. Во ова подрачје, овој тунел е главна атракција и едно од најубавите места во Украина. За време на топлите денови во годината, стеблата позеленуваат, создавајќи зелен тунел, долг еден километар, низ кој што поминува железница.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=3FOrtuuZ9DY
4.Tunel Rock, Калифорнија, Сад
Овој тунел се наоѓа на самиот влез на Националниот парк Секвоја. Голем гранитен камен под кој Корпусот за цивилна заштита направи тунел во 1983 година, денес е само премин за пешаци, посетители на Националниот парк, а околу тунелот се наоѓа автопат.
4. Тунелот во L’ Oceanografic, Валенсија, Шпанија
Морскиот парк содржи и подводен тунел долг 70 метри и за посетителите претставува вистинска авантура. Околку Вас и над Вас, има само вода, а додека поминувате низ тунелот, сé е осветлено со рефлектори. Има и многу риби кои љубопитно во морето се вртат околу луѓето…
5.Тунелот Guoliang, Кина
Величествениот тунел – пат во планините Taihang, е изграден од страна на 13 локални селани на чело со Shen Mingxin, а потребни биле пет години за да се доврши. Тунелот е пуштен во промет во 1977. Долг е 1.200 метри, висок е околу пет, а широк четири метри. Дупките во планината, низ која минува тунелот, изгледаат како прозорци.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=HrkQ7QNloTo
