Art & Crafts

Највалканите места во домот кои секогаш заборавате да ги исчистите

Кога е во прашање чистењето во домот, се се базира на чистење на бањата, подот, кујната… Но постојат и места кои речиси никогаш ги немате исчистено а се опасно легло на бактерии !

Некои бактерии се безопасни но бацилите и прашината можат да го уништат имунолошкиот систем и да доведат до настинка и алергија. За таа цел, спречете ги несаканите појави со совршена чистота…Исчистете ги и следниве предмети:

1. Кредитната или дебитната картичка– Колку пати дневно ја користите за да платите нешто? И колку пати ја давате на продавачката која во рацете денес имала безброј такви картички и пари? Парите не можете да ги исчистите…но картичките можете. Избришете ги со влажни марамчиња, почекајте да се исушат и вратете ги во паричникот.

2.Држачот на четкичката за заби– Само неколкумина ја приметуваат водата која се слева по држачот, после миењето. На дното од чашката, можете да забележите рѓа и нечистотии. Задолжително чистете го држачот на четката за заби за да избегнете бактерии на горниот дел на четката, а со тоа да избегнете и бактерии во вашата уста.

3. Прекинувачите за светло– Бактериите најчесто се пренесуваат со допир, а сите ги допираат прекинувачите за светло. И најчесто да ги миете рацете, не заборавајте редовно да ги исчистите и нив.

4.Кутиите за сол и бибер–  Немојте само да ги дополнувате додека се празни. Темелно измијте ги, истакнуваат истражувањата на Универзитетот во Вирџинија бидејќи во нив се концентрирани  најголемиот број вируси.

5.Кваките за врати и рачките за прозорци– Кога ги чистите вратите и прозорците, не заборавајте да ги исчистите и рачките и кваките. Дури и почесто, имајте во план да ги чистите кваките и прозорците, бидејќи со оглед на честите допири тие се најголеми легла на бактерии.

6.Мобилни телефони– Ако земеме во обзир колку често ги употребуваме, не е ни чудо што Дејли Мејл истакнува дека мобилните содржат 18 пати повеќе бактерии отколку кваките на тоалетите.

Напиши коментар