За сите оние кои знаат што е вкусна и префинета закуска денес Ви предлагаме да ја направите извонреднато комбинација од чоколадо и авокадо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 зрели авокада
2 лажици мед
1/3 чаша какао во прав
2 лажички маслиново масло (се препорачува кокосово масло
1 лажиче екстракт од ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки ставете ги во подлабок сад и изматете ги со миксер. Матете додека не добиете густа компактна маса.
Пудингот ставете го сад по Ваша желба и ставете го во фрижидер околу 2 часа пред да го дегустирате.
Вкусот е извонреден !!!
Уживајте!!!